Connect with us

Тајмаут

Халанд купи „автомобил чудовиште“ за 3 милиони евра, во светот ги има само 275

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд наскоро ќе стане сопственик на специјализиран Mercedes AMG One за кој ќе потроши 3,2 милиони евра. Интересот на Халанд за брзи, луксузни возила не е тајна, но неговиот нов автомобил ќе биде нешто посебно. Имено, персонализираниот Мерцедес има пет Формула 1 мотори и достигнува неверојатна максимална брзина од 352 km/h со над 1.000 коњски сили. Овој суперавтомобил достигнува брзина од 200 km/h за само седум секунди, а во светот има само 275 ексклузивни примероци од овој автомобил.

Advertisement