Connect with us

Ракомет

Халил Јагањац: „Металруг не се откажува од второто место во ЛШ“

Во интервјуто за хрватскиот “Вечерњи лист“, новиот бомбардер на Металург Халил Јагањац е претставен како тајното оружје на Металург, но и на хрватската репрезентација во чии редови може да биде најголемото изненадување на ЕП 2018, кое се игра токму во Хрватска.

Во краткото интервју за “Вечерњи лист“, Халил Јагањац вели:

“Засега ми е супер во Скопје. Иако на почетокот не беше се онака како што очекував, јас набргу ги фатив сите конци в рака. Мислам дека помина фазата на навикнување и дека сега можам да му се посветам само на ракометот. Ние сме далеку најмлада екипа во Лигата на шампионите и тоа сметајки на сите четири групи. Штета што загубивме од Бешикташ на свој паркет. Со тие бодови сега ќе бевме втори, веднаш зад Монпелје. Но ние не се откажуваме од борбата. Имаме само еден бод помалку од Мотор и по следните три натпревари многу нешта ќе бидат појасни. Играме дома со Мотор и со Монпелје, па на гости кај Бешикташ. Со четири бода остануваме во игра“.