Connect with us

Ракомет

„Халкбанк“ официјален спонзор на РФМ

Турската банка „Халкбанк“ од денеска е официјален спонзор на Ракометната федерација на Македонија.

– Ракометот е еден од најпопуларните спортови во Македонија. Чест ми е да соопштам дека Халкбанк станува официјален спонзор на Ракометната федерација на Македонија. Коинциденција е утрешниот дуел на македонската репрезентација со Турција, што ние како турска банка ќе бидеме на другата страна, како спонзор на Македонија. Нашето мото е „Важни се луѓето“, а спортот има големо влијание во квалитетот на животот, рече Билал Суџбаши, генерален директор на Халкбанк на заедничката прес-конференција.

Задоволство од воспоставување на новата соработка искажа претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

– Драго ми е што Халкбанк ги препозна вредностите на ракометниот спорт како најпопуларен спорт во Македонија, така што ние како федерација сме почестени што Халкбанк станува дел од нашата спонзорска група. Со самото тоа РФМ добива екстра ветар во грб и можеме уште повеќе да се посветиме на активностите на нашите селекции со акцент на младите генерации, изјави Мукаетов.

Благодарност за одлуката Халкбанка да даде поддршка на ракометниот спорт во Македонија стигна и од селекторот Раул Гонзалес и капитенот и најдобар македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров.