Connect with us

Други спортови

Хамилтон водеше од прв до последен круг, со победа ја заокружи сезоната

Со водство од првиот до последниот круг, Луис Хамилтон победи на трката од Формула 1 шампионатот во Абу Даби, последна за оваа сезона.

Пилотот на неприкосновениот Мерцедес со победата број 11 сезонава, само ја потврди доминацијата во овој тркачки спорт во кој сега има шест шампионски титули.

Второто место го освои Макс Ферстапен од Ред Бул, додека третата позиција му припадна на Шарл Леклер од Ферари. Тоа е последна трка сезонава, а во следната Хамилтон ќе има можност со нова титула да се изедначи со рекордерот Михаел Шумахер, кој седумпати беше првак.

 

Реклама

Facebook