Други спортови
Хамилтон за „Ферари“: Црвеното убаво ми стои, но…
Возачот на „Мерцедес“ Луис Хамилтон прв пат ги коментираше шпекулациите околу можната преселба во тимот на „Ферари“. Иако засега ги отфрли таквите можности, сепак со изјавата ја збуни јавноста.
Тој изјави дека промените секогаш се добри, иако лично смета дека лојалноста е основната работа во односот помеѓу луѓето.
-Знам дека црвеното добро ми стои, но тоа е навистина една многу тешка ситуација. Јас сум со „Мерцедес“ од својата 13.година, лично сметам дека промените секогаш се добри, но исто така сметам дека лојалноста е сржта на целиот живот и односот помеѓу луѓето, вели Хамилтон.
Хамилтон во моментов е лидер во генералниот пласман во Формула 1 со 322 бодови, 73 повеќе од Батос кој е на второто место.