Ракомет
Хансен му се придружи на Лазаров меѓу најдобрите пет стрелци на Лигата на шампионите

Данскиот ракометар Микел Хансен постигна уште еден голем подвиг во кариерата.
Хансен влезе меѓу најдобрите пет стрелци на Лигата на шампионите на сите времиња.
Данскиот репрезентативец во моментов има 906 голови на своето конто.
Прв на оваа листа е нашиот репрезентативец, легендарниот Кирил Лазаров со 1467 погодоци, вториот е Никола Карабатиќ со 1003 и двајцата се единствените во друштвото „1000“.
Во ТОП 5 се и Момир Илиќ со 969 голови и Тимур Дибиров со 943 погодоци.
