Фудбал
Хаосот во Милан е очигледен, Џампаоло три пати добил отказ?!
Според италијанските медиуми, во Милан нема никаква координација и владее вистински хаос. Имено, според дел од медиумите во Италија, сега веќе екс тренерот на Милан, три пати добил отказ.
Наводно, Федерик Масара, спортски директор, Звонимир Бобан и Паоло Малдини, кои исто така ја извршуваат директорската позиција, на „своја глава“ без да се договорат му се јавиле на Џампаоло и му соопштиле дека не е повеќе тренер на Милан. Секој, посебно, во различно време, што значи дека Џампаоло добил три различни повици, во кои слушнал една иста вест, дека не е повеќе тренер на Милан.