Ракомет
Харис Плех потпиша за РК Пелистер
Талентираниот голман Харис Плех потпиша за РК Пелистер . Младиот и талентиран босански репрезентативен голман денес потпиша две годишен договор со “зелено-белите”.
Харис Плех ( 22 г. , 195 см , 95 кг ) во Пелистер доаѓа од турскиот тим МЈК-Анкара а претходно настапуваше и за ХИФК Хелсинки , АЕК Атина и матичниот МРК Горажде.
Пелистер по првото летно засилување Милан Поповиќ и продолжената соработка со Никола Ивановски и Костадин Петров продолжува со градење на тим за новата натпреварувачка сезона .