Connect with us

Фудбал

Хендерсон: Пресудно беше излегувањето на Салах

Ливерпул го одигра финалето во Лигата на шампионите. Спектаклот на стадионот во Киев на крајот му припадна на екипата на Реал, а Бензема и двојниот стрелец Бејл беа творци на победата на Реал со 3: 1.

Многумина сметаат дека со излегувањето на Мохамед Салах од игра, опадна интензитетот на играта на Ливерпул, а со тоа се согласува и играчот од средниот ред на Ливерпул, Хендерсон.

„Реал почна да доминира откако Салах излезе од игра. Тие го постигна водечкиот гол од офсајд, но ние останавме во натпреварот. Верувавме дека можеме да го свртиме, но примивме два гола какви што не требаше да примиме“, изјави Хендерсон, додавајќи:

„Одиме понатаму. Сега следува Светското првенство, а потоа и новата сезона. Можеме да бидеме горди со тоа што сме го направиле оваа сезона. Поразот боли, но ние мора да продолжиме понатаму“.

Единствениот гол за Ливерпул против Реал го постигна Мане.