Connect with us

Кошарка

Химки направи сензација и ја прекина победничката серија на Фенербахче

Химки одигра одличен натпревар во 17. коло од Евролигата, па успеа по продолженија да слави против лидерот Фенербахче со 84-78.
Турската екипа го почна подобро мечот, па по првата четвртина имаше предност од 23-13, која на полувреме се намали на 41-38.

Како минуваше времето, домаќините успеаа да направат и целосен пресврт, па по третата четвртина го преземаа водството (57-54). Сепак, Фенербахче успеа да се избори за продолженија во последната четвртина (72-72).

Но, во продолженијата турската екипа како да немаше доволно сила, па тоа го искористија домаќините и славеа со 84-78.

Стефан Марковиќ беше најдобар кај домаќините со 13 постигнати поени, додека кај гостите Мелих Махмутоглу постигна 18 поени.

SPORT1.MK