Connect with us

Тајмаут

Хит видео: Се додворуваше на девојка на трибините, па мораше да се извинува на сопругата и децата (ВИДЕО)

Брегот на Слоновата Коска го совлада Сенегал со 5:4 по изведувањето на пенали и го исфрли бранителот на титулата од Африканскиот куп на нации, но во центарот на вниманието беше постар господин на трибините кој беше фатен од камерата како се додворува на девојка. Меѓу 20.000 навивачи на преполните трибини имаше и еден постар господин кој веднаш по последниот пенал беше „фатен“ како нешто и кажува на помлада девојка на трибините која јасно стави до знаење дека и е непријатно и дека не ја интересира разговор со него.

Откако видеото стана вирално, откриено е дека се работи за извесен Анселме Сантос, кој објаснил што се случило и му се извинил на семејството.

„Во еуфорија и реков на девојката на трибината „дај ми го твојот број“. Тоа не беше злобно, но таа не сакаше да го направи тоа и јас не инсистирав. Би сакал да ја искористам оваа прилика да и се извинам мојата сопруга и децата“, изјави Сантос. Инаку, Брегот на Слоновата Коска ќе го игра четвртфиналето на Африканскиот куп на нации во сабота против Мали.