Фудбал
Холандската фудбалска ѕвезда обвинета за шверц на 1.300 килограми кокаин
Квинси ПРОМЕС, 31-годишен холандски фудбалер е обвинет за трговија со дрога, соопшти обвинителството во Хаг. Тоа е настан од јануари 2020 година.
Промес и уште еден 31-годишен холандски државјанин беа обвинети за увоз на 1.300 килограми кокаин преку белгиското пристаниште Антверпен. Ова е продолжение на тешките обвинувања против поранешниот холандски репрезентативец, кому претходно му се судеше за напад со нож, а се занимаваше и со трговија со дрога и други криминални активности.
Во својата успешна фудбалска кариера, Промес до 2021 година ги носеше дресовите на Твенте, Севиља и Ајакс. Потоа се пресели во Спартак Москва, каде што се уште е член. Во холандската репрезентација одигра дури 50 натпревари и постигна седум гола.