Connect with us

Други спортови

Холандски тенисер откри како негови колеги местат натпревари

Холандски тенисер кој сакаше да остане анонимен зборуваше за местењето натпревари во тенисот.

Неименуваниот тенисер откри дека дури десетмина АТП професионални играчи редовно местеле натпревари за да обезбедат дополнителни приходи и така да си ја обезбедат егзистенцијата.

Тој изјави дека пред две години дознал на каков начин се местат натпреварите од неговиот дабл партнер кого исто така не сакаше да го именува.

„Ја делев собата со друг тенисер и разговаравме за тоа како финансиски успеваме да ги покриеме барањата на професионалниот тенис кој често пати е скап. Играчите скоро се мораат да си плаќаат сами – патувања, смештај, поенкогаш и тренерот и салата за тренинг. Тука се отвори темата за местење натпревари. Тој играч ми кажа дека има друг телефон преку кој известува други луѓе кога ќе изгуби одреден сет во замена за неколку илјади евра. Знаев дека постојат такви работи, но останав изненаден“, изјави неименуваниот тенисер.

Од тие 10 тенисери како што откри четворица биле од Холандија, а имало уште од Франција, Шпанија и Белгија.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама