Ракомет
Хорват: Македонците знаеја дека постои голема можност да дојдат во Египет
Хрватскиот репрезентативец Златко Хорват, кој е член на Металург изрази задоволство што Македонија во последен момент добија покана да играат на Мундијалот.
„Македонците знаеја дека постои голема можност да дојдат во Египет и во ниту еден момент не се опуштија. Можеби целата неизвесност ќе излезе на површина на нивниот прв натпревар, но знам дека им е најважно што се тука“, изјави Хорват.
Нашата репрезентација првиот меч го игра вечерва против Шведска (20.30 часот), а ова ќе биде добра прилика за одличен почеток, бидејки Шведска е без 9 важни ракометари.