Connect with us

Други спортови

Хрватките низ Перу ги возеле со автобус како од филмот „Кој тоа таму пее“


Женската одбојкарска репрезентација на Хрватска која во Перу учествува на Челинџер куп, имала непријатно искуство при патување до престолнибата на таа јужноамериканска земја, Лима. Откако им требаа 22 часа од Загреб да стигнат до Перу, таму исцрпените и заморени одбојкарки ги дочекало друго изненадување, морале да се возат во многу стар автобус.
Авантурата била спектакуларна. Освен тоа што автобусот бил стар и личел на оној на фирмата Крстиќ од југословенскиот филм „Кој тоа таму пее“, шоферот влегол во улога на Формула 1 пилот, и возел лудачки брзо. Во другиот автобус била опремата на одбојкарките, и тој малку излетал од патот, но за среќа, без последици.
„Само се молевме да стигнеме живи и здрави“ – вели Лара Штимац.
Кога стигнаа во Перу, Хрватките го победија домаќинот, па загубија од Чешка, а утре играат полуфинале против Канада.

.

Извор: Sportmanija.mk