Ракомет
Хрватска доби нов селектор, познат наследникот на Лино Червар
Управниот одбор на Хрватскиот ракометен сојуз ја констатираше оставката на Лино Червар поднесена пред неколку дена поради слабите резултати на СП во Египет и веднаш назначи негов наследник. На клупата на хрватската репрезентација во иднина ќе биде Хрвоје Хорват.
-Низ сите години што работев со Червар собрав многу искуство и знаење што ќе ми користи и помогне во водењето на сениорската репрезентација. Свесен сум колку е голема одговорност, изјави Хорват.