Ракомет
Хрватска на 5. место на ЕП во Хрватска
Иако тргнаа во златото кое што им недостасуваше во колекцијата, Хрватска заврши на 5. место на 13. Европско првенство (ЕП) кое оваа година се одржува во Хрватска.
Чешка го отвори мечот со водство од 1:0. Хрватска во продолжение го превзеде резултатот и не го испушти до самиот крај. На одмор замина со предност од 16:10, но во последните две ипол минути Чешка се закани и стигна само на минус еден гол негатива.
Селекторот на домаќините Лино Червар направи две промени во составот. Контрец и Јагањац играа на местото од Гојун и Вори, кој најави репрезентативна пензија.
Хорват со 10 голови беше најефикасен кај Хрватска, додека во спротивниот табор најдобриот стрелец на шампионатот Здрахала постигна 13 голови и со вкупно 55 се зацврсти на врвот од листата на стрелци.
Резултати 5. место
Хрватска – Чешка 28:27
Двојки – полуфинале:
Франција – Шпанија 18:00 (пренос, ТВ Телма)
Данска – Шведска 20:30 (пренос, ТВ Телма)