Connect with us

Ракомет

Хрватска потешко од очекувањата против Ангола, вардарецот Иван Чупиќ предводник до победата

Селекцијата на Хрватска во првото коло ремизираше со Јапонија, но денеска со доста маки ја совлада Ангола. Противникот на „Коцкестите“ играше доста добро на отворањето на мечот, правеа многу проблеми, дури имаа и два голови предност. Водеа во поголемиот дел од првото полувреме, но сепак Хрватска успеа да го сврти резултатот и на пауза да замине со 12:11. Сепак, во продолжението Ангола немаше сили, а избраниците на Лино Червар направија серија од 4:0 и тука беше се јасно. На крајот 28:20. Предводници на Хрватска беа, вардарецот Иван Чупиќ и Мариано Мариќ кои постигнаа по шест голови. Хрватска во следното коло игра против Катар.

Резултати СП Египет 2021

Катар – Јапонија 31:29

Ангола – Хрватска 20:28

Аргентина – Бахреин 24:21

Тунис – Бразил 32:32

Зеленортски Острови – Германија (службени 0:10)

Вечерва

Конго – Данска

Унгарија – Уругвај

Полска – Шпанија