Connect with us

Тајмаут

Хрватските хулигани подготвуваат напад – полицијата прави претрес

Од 20:00 во Нижњи, започнува натпреварот помеѓу Аргентина и Хрватска, првиот во групата Ц, и сите гледачи, при влегувањето на стадионот, добија ригорозни полициски контроли.

Како што пишува порталот 24sata.hr, секој што влезе на стадионот мораше да ги отстрани чевлите. Со метал детектор ги испитале сите делови на телото на навивачите, а потоа полицијата со ракавици повторно ги претресувала навивачите.

Имаше гласишта дека хрватските хулигани би можеле да го сопрат натпреварот, поради што полицијата ги зајакна безбедносните мерки.

Исто така имаше и армијата од кучиња на стадионот, а домаќините сакаат да го спречи секој инцидент или хаос на стадионот.