Connect with us

Кошарка

Хуан Карлос Наваро ја заврши кариерата!

Легендарниот шпански кошаркар Хуан Карлос Наваро (38) ја заврши својата професионална кариера.

После 21 година играње, од кои само една помина надвор од Барселона, „Ла Бомба“ одлучи да се повлече и тоа откако ми било соопштено дека веќе не сметаат на неговите услуги.

Бидејќи не сака да оди надвор од Барселона, но и фактот дека со клубот има договор до 2027 година, тој ќе преземе некоја улога во клубот.

Секако, тој е апсолутно легенда на шпанската кошарка. Еден од најголемите играчи кои чекореле по паркетот и во кариерата ги освои апсолутно сите можни трофеи.

Сега пред него е нов живот и нова кариера и сигурно дека ќе му биде лесно да работи покрај луѓето кои добро ги познава.