Connect with us

Тајмаут

И Бин Ладен сакаше да ги обезглави Бекам, Овен, Ширер, Ходл и Симан

Осама Бин Ладен сакаше да направи терористички напади во 1998. година, а идеална шанса видел на Светското првенство, на натпреварот помеѓу Англија и Тунис, на кој му претходеа страшни нереди.

Лидерот на Ал Каеда изјави дека испратил фанатици на теренот за да ги обезглават Дејвид Бекам, Алан Ширер, Дејвид Симан, Мајкл Овен и селекторот Глен Ходл.

Наводно, спремил и бомбаш самоубиец кој би влетал помеѓу фудбалерите на Англија во текот на натпреварот на стадионот „Велодром“ во Марсеј.

Другите терористи би се појавиле како медицински лица, ќе истрчаа на теренот и ќе почнеа да ги обезглавуваат играчите.

Тоа сценарио е опишано во книгата „Terror on the Pitch“ (Терор на теренот), на Адам Робинсон, а се темели на белешките на терористот Ахмед Заоуи.

Заоуи напишал: „Шејх (Бин Ладен), Бог го благословил, побара да го следиме движењето на Дејвид Симан, Алан Ширер и Глен Ходл“.

„Исто така, внимание привлекуваа и двајца млади играчи кои станаа познати, Дајвид Бекам и Мајкл Овен“.

„Предложивме, клучниот човек во мисијата би требало да тргне кон Симан и да се разнеси, а потоа тоа би било знак за другите браќа да започнат со остатокот од операцијата“.

Што се случи и зошто не успеаја во својата намера, англискиот „The Sun“ кој ја објави оваа приказна, не прецизираше. Можеби безбедносните мерки беа навистина ригорозни.