Connect with us

Фудбал

И „дамата“ го мерка Модриќ

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на хрватскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Лука Модриќ.

Челниците на “старата дама” потврдија дека се заинтересирани за услугите на последниот освојувач на “Златната топка” на Франс Фудбал кој има договор со “кралскиот клуб” до 30 јуни 2020 година.

Доколку се пресели во Торино, Модриќ ќе си обезбеди годишна плата од 10 мил. евра, а подолг период голем интерес за неговите услуги покажуваат и челниците на Интер.

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com