Ракомет
И Дисингер го напушта Вардар, познат следниот негов клуб
Откако стана јасно дека Иван Чупиќ од следната сезона нема да го носи дресот на Вардар, уште еден член на шампионската генерација замнува. Тоа е германскиот Бек Кристијан Дисингер. Романскиот тим Динамо Букурешт веќе објави дека постигнал договор со ракометарот за двегодишна соработка.
Десингер, кој во Вардар дојде од Кил, ќе го носи „црвено-црниот“ дрес до крајот на сезоната и потоа ќе замине.