Фудбал
И Французите имаат свој Милано: Познато е кој меч бил извор на коронавирус?!
Иако мечот на „Паркот на принцовите“ помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд е одигран без присуство на навивачи, сепак голем број на фанови се собраа пред стадионот.
Слично како и дуелот во Милано на „Сан Сиро“, помеѓу Аталанта и Валенсија, кој според стручните лица бил „биолошка бомба“, сега истото се тврди за мечот ПСЖ –Борусија Дортмунд.
Пред стадионот имаше околу 4 илјади навивачи, а стручните лица сметаат дека токму овој собир е главната причина што во Франција сега има толку голем број заразени. И пред овој дуел имаше препораки да се избегнуваат масовни собири.