Connect with us

Тајмаут

И изгледаше дека ќе бидат засекогаш заедно: Ѕвездата на Баерн остана без долгогодишната девојка

Фудбалерот на Баерн, Алфонсо Дејвис ја прекина врската со долгогодишната девојка Џордин Хуитема.

Дејвис призна дека по пет години раскинала со девојката Џордин. Почнаа да се забавуваат во 2017 година, кога и двајцата имаа 16 години.

Заедно имаа и проекти на Youtube, но го избришаа својот профил и се што е поврзано со него. Покрај тоа, тие ги избришаа сите споделени слики кои ги имаа на социјалните мрежи.

“Да, јас и Џордин раскинавме. Гласините за неа не се точни. Таа е добра личност и многу ја почитувам. И посакувам се најдобро и ги молам сите да ја почитуваат нашата приватност”, рекол Алфонсо Дејвис.

Џордин игра за ПСЖ како напаѓач и беше олимписка шампионка со канадската репрезентација, а боите на Канада во машка конкуренција многу успешно ги брани нејзиното сега поранешно момче.

Дејвис им помогна на Канаѓаните да изберат да играат на Светското првенство по долго чекање. Покрај тоа, со Баерн во Германија освои нова титула.

Сега и двајцата имаат можност да најдат нови партнери, а медиумите не знаат зошто ја прекинаа врската која изгледаше нераскинлива.