Тајмаут
И Јувентус со честитка за Бајрам – На фотографијата Пјаниќ, Џан и Бенатиа
И Јувентус се сети на муслиманите ширум светот така што преку друштвените мрежи упати честитка за Бајрам.
Муслиманите ширум светот денеска го слават Курбан Бајрам, а Јувентус се сети на тој празник па ги искористи фудбалерите од исламска вероисповест за да упати честитка.
На фотографијата се Миралем Пјаниќ, Емре Џан и Мехди Бенатиа, а на неа стои опис: Среќна прослава на сите наши навивачи ширум светот.