Ракомет
И ние бевме млади, ама гиневме на терен

Последниот ден на СП беше одбележан и со поостри критики за младите играчи кои не успеаја да ја оправдаат довербата и потрфлија комплетно на овој Mундијал.
- Ако треба еден Кирил Лазаров да се тепа 60 минути против Чиле, тогаш треба да се запрашаме што се случува во репрезентацијата. Игравме тројца, без помош на некого. И јас бев млад и јас дојдов како нив, успеав од првенство на првенство да одам понапред и понапред. Но, мислам дека тие тапкаат во место и стварно треба да се запрашаат што не е во ред, кога не можат да се запишат во листата на стрелците против еден Чиле. Не знам, навистина ми е тешко. Не ни се пишува добро, ако не се опаметиме, ќе биде многу тешко. Не знам што треба да се прави, не е мое да судам, прво од себе да се тргне, па после за другите. Жал ми е што вака зборувам, но да го оставиме Кирил Лазаров на 40 години да игра 60 минути да се бори и тепа, а некој да се влече по терен… навистина е срамота, вели левото крило на македонската репрезентација Дејан Манасков.