Connect with us

Ракомет

И втора победа против Србија

Македонската ракометна репрезентација и попладнево во вториот контролен дуел со селекцијата на Србија забележа победа , овојпат минимална од 28-27 што сигурно заедно со вчерашната убедлива победа против истата селекција е важен момент пред заминувањето на СП во Германија.

Денешниот меч беше многу поизрамнет од вчерашниот а Македонија триумфираше со погодокот на Филип Лазаров на 10 секунди пред крајот.

По првиот дел нашата репрезентација имаше водство од 16-13 но сепак во вториот се играше резултатски израмнето.

Голманот Митревски имаше свој ден со 13 одбрани а најефикасен во нашиот тим беше Пешевски со 7 погодоци додека капитенот Кире Лазаров запиша 5.

Селекторот Раул Гонзалез по мечот изјави дека е задоволен што сите ракометари играа на двата меча против Србија но сепак вистинската слика ја очекува на првиот мундијалски дуел со Јапонија на 11. Јануари во Минхен. Не треба никој да се потцени и затоа не треба да се занесуваме по двете победи против Србија. Вчера игравме одлично за разлика од денеска. Не ми се допаѓа улогата на фаворит- внимателен е македонскиот стратег.

Пред заминувањето се очекува Гонзалез да го објави списокот од 16 патници за Германија и Данска.

Покрај Македонија и Србија од екс-ју просторите на Мундијалот ќе настапи и селекцијата на Хрватска која е во нашата група заедно со Шпанија, Исланд, Бахреин и Јапонија.

Извор: Сител

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама

Повеќе од Ракомет

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com