Тајмаут
Иако знаеле дека е муслиман, сакаа да го понижат: Рибери бега од пиво како да бега од смртта
Франк Билал Рибери без сомнение е еден од најдобрите играчи на својата генерација.
Легендарниот Французин пред неколку дена го прослави својот 38 роденден и се уште е активен и моментално настапува за тимот на Салернитана.
Одличниот крилен напаѓач, препознатлив по дриблинзите, беше миленик во соблекувалната и високо ценет и почитуван и од навивачите и од управата на клубот.
Запаметена е сцената од 2013 година од прославата на Баерн за освојување на титулата, кога неговите соиграчи направија се Рибери да го искапат со пиво.
Се започна со Давид Алаба, а Рибери побегна толку брзо колку што изгледаше како да бега од смртта, но на крајот сепак беше избањат.
Сепак, впечаток е дека играчите на Баерн тогаш претерале бидејќи Рибери е муслиман и се трудел да направи се за да не се капе во алкохол.
Рибери го прифатил исламот кога имал 15 години. На ова најголемо влијание имала неговата сопруга Вахиба, која има алжирско потекло. Потоа го зел името Билал.
Религијата е моја приватна работа. Јас сум верник и откако го прифатив исламот станав посилен, психички и физички. Религијата не го промени мојот карактер и мојата перцепција за светот“.
“Се молам пет пати на ден. Го правам тоа бидејќи ми овозможува да се ослободам и да се чувствувам подобро подоцна”, изјави Рибери пред неколку години.