Фудбал
Ибра се предомислува, но Милан не е опција?!
Златан Ибрахимовиќ по завршувањето на сезоната ќе замине од Милан. Ќе го одработи шестмесечниот договор и потоа ќе продолжи понатаму. Не планира да се пензионира, но според новите информации Швеѓанецот се предомислува и во намерата да замине од Серие А.
Не е познато каде би продолжил, но веројатно во Болоња, кај својот пријател Синиша Михајловиќ, нешто што беше опција пред да се договори со Милан.
Милан воедно му понудил функција на Ибрахимовиќ, а тоа значи дека ќе треба да престане да игра, но сепак напаѓачот не планира да се пензионира.