Connect with us

Фудбал

Ибра во негов стил: Ако останам во МЛС, првенството ќе го гледа целиот свет

ЛА Галакси е елиминиран во плеј-офот во МЛС лигата, а Златан Ибрахимовиќ во свој стил одговараше на прашањата на новинарите. Неколку европски тимови се поврзуваат со неговото име во зимскиот преоден рок, но Швеѓанецот вели дека не брза со одлуките.

Наполи, Интер, Милан се екипите кои се спомнуваат, а договорот со ЛА Галакси му истекува во декември.

– Остануваат уште два месеци од договорот. Ќе видиме што ќе се случи после тоа. Ако останем во МЛС тоа ќе биде добро, затоа што првенството ќе го гледа целиот свет. Ако заминам, никој нема да се интересира за МЛС, прокоментира Ибрахимовиќ во негов типичен стил.