Фудбал
Ибрахимовиќ е блиску до голем рекорд
Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ е блиску до тоа да стане само третиот играч со најмалку 300 гола во топ 5 на европските првенства овој век. Вакво достигнување засега имаат само Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Португалецот има 482 гола – 311 за Реал Мадрид, 81 за Јувентус и 90 за Манчестер Јунајтед. Аргентинецот има постигнато 474 гола, речиси сите за Барселона и само еден за Пари Сен Жермен.
Ибрахимовиќ ќе има можност да им се придружи на гол против Удинезе в сабота, бидејќи моментално има 299 првенствени голови со екипите на Јувентус (23), Интер (57), Барса (16), ПСЖ (113), Манчестер Јунајтед 17. ) и Милан (73). Само оваа сезона 40-годишниот напаѓач има 6 гола на 9 натпревари во Серија А.