Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ: Ќе се вратам за Скудето, а не дека ме кани некој само затоа што сум Ибра

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ се уште не планира пензија иако има 38 години. Настапува за ЛА Галакси во МЛС лигата, но договорот му истекува во декември. Со оглед на тоа дека напачот на Интер Алексис Санчез се повреди и ќе го нема три месеци, се појавија шпекулации дека популарниот Ибра би можел да биде неговата замена.

Самиот фудбалер зборуваше за ова:

-Имам 38 години но сум голем ентузијаст. Се уште не размислувам за својата иднина и одлуката ќе ја донесам по разговорите со семејството. Италија е мој втор дом, сите понуди ќе ги разгледам, но сакам да се борам за најголемата цел. Ако се вратам, тогаш сакам да се борам за Скудетото, а не некој да ме вика само затоа што сум Ибрахимовиќ, изјави Ибрахимовиќ а пренесува “football-italia“.

Ибрахимовиќ своевремено играше за Интер, но и за Јувентус и Милан.