Фудбал
Ибрахимовиќ малку се прецени: Можам да играм на високо ниво и до 50 години
Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ изјави дека може да игра фудбал на негово ниво до 50-годишна возраст. Триесет и осумгодишниот Швеѓанец ќе стане слободен агент во зима по истекот на договорот со Лос Анџелес галакси.
Главните кандидати за негов ангажман се Милан и Болоња.
-Можам да играм на мое ниво до 50-годишна возраст. Ако има тим што ме интересира, јас сум подготвен да го сторам тоа, вели Ибрахимовиќ.
Тој во минатото настапуваше за европските фудбалски великани: Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ.