Тајмаут
Ибрахимовиќ објави брутална фотографија и порача: Јас сум поинаков вид!
Иако на крајот на годината ќе го прослави својот 41 роденден, Ибра одлучи да ја продолжи кариерата влегувајќи во сезоната во која со Росонерите ќе ја брани шампионската титула. Сепак, тој извесно време нема да биде на теренот. На крајот од минатата сезона тој беше опериран на коленото поради што ќе биде надвор од терените неколку месеци. Процесот на закрепнување е веќе одамна започнат. Ибрахимовиќ започна со лесни тренинзи, а денеска уште еднаш испрати силна порака. Позирајќи и покажувајќи го своето извајано тело, тој накратко рече: „Поинаков вид“.
View this post on Instagram