Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ се прости од ЛА Галакси: Ви благодарам за се, а сега гледајте безбол

Златан Ибрахимовиќ со фотографија на својот Твитер налог се прости од ЛА Галакси. Договорот со тимот од МЛС лигата му истекува во декември, а во јануари се очекува тој да има нов клуб, меѓутоа се уште не е позната неговата дестинација.

Тој на Твитер меѓудругото напиша: Ти благодарам ЛА Галакси што повторно направивте да се почувствувам жив. За навивачите на ЛА Галакси, го сакавте Златан, ви го дадов Златан. Приказната продолжува…Сега вратете се и гледајте безбол.

Дека завршува соработката потврди и ЛА Галакси кој се заблагодари на Ибрахимовиќ за се она што го сторил во дресот на овој тим.