Фудбал
Ибрахимовиќ со видео порака ја крена Шпанија на нозе
Наполи, Интер, Фламенго се фудбалските клубови кои се спомнуваат како следна дестинација на Златан Ибрахимовиќ. Сепак, последната негова порака ја крена цела Шпанија на нозе.
Ибрахимовиќ сними видео во кое вели:
-Здраво Шпанија. Погодете што? Се враќам назад.
Видеото се шири со голема брзина, но сепак целта на неговата порака останува мистерија.
Златан Ибрахимовиќ порано играше во Шпанија, во дресот на Барселона. Во моментов е играч на ЛА Галакси, но договорот му истекува во декември. Она што е сигурно дека наскоро ќе има нов клуб бидејќи се уште не планира да се пензионира.
What does this mean??#zlatan #ibrahimovic pic.twitter.com/nYF2zsY1um
— its me (@itsme20878960) October 29, 2019