Connect with us

Ракомет

Играа без одбрани: Пелистер и Овче Поле постигнаа 44 голови за 30 минути!

Ракометарките на Пелистер забележаа висока победа над ривалот од Свети Николе, Овче Поле СУ со 45:33. Интересен факт од овој натпревар е тоа што две ракометарки имаа двоцифрен ефект, а вкупно пет имаа постигнато 8 или повеќе голови, пишува 24 Ракомет.

Гостинките парираа одлично на Пелистер во првиот дел до 5:5, пред битолчанки да се одлепат на 10:6, но за момент Овче Поле пак се врати во игра и намали на 13:11. Тука се распадна нивната игра и Пелистер се одлепи на 18:11, а на крајот на полувремето резултатот беше 19:15.

Повеќе читајте на 24 Ракомет.