Connect with us

Фудбал

Играч на Ајакс физички нападна навивач (ВИДЕО)

Играчот од средниот ред на Ајакс и холандската репрезентација, Стивен Бергуис, нападна навивач на Твенте по натпреварот од 34. коло на Ередивизија, кој заврши со пораз од Копљаник со 3:1.

На видеото, кое брзо стана вирално, не е јасно дали Бергхуис навистина го удрил поддржувачот на домашната екипа.

Претставници на Ајакс тврдат дека навивачите на Твенте постојано го навредувале 31-годишниот фудбалер, додека другите играчи им давале автограми на децата. Исто така, клубот од Амстердам изјави дека Бергхуис неколку пати го предупредил човекот пред да се обиде да го удри.

Наводно, споменатиот навивач претходно расно го малтретирал напаѓачот на гостинската екипа Брајан Броби.

Ајакс ја заврши сезоната на третото место и не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.