Connect with us

Фудбал

Играчите на Монако принудени да останат во клубот: Ако не го сторев тоа, ќе ја изгубевме контролата

Играчите на францускиот тим Монако со години биле под лупата на најголемите европски клубови.

Тоа не е без причина, бидејќи за овој тим навистина играат одлични имиња, а од сезона во сезона, кнезовите прават навистина големи трансфери.

Минатото лето го пуштија Килиан Мбапе во ПСЖ, а парижаните ќе им платат 180 милиони евра за услугите на фантастичниот фудбалер.

Во близина на заминувањето беа и Томас Лемар и Фабињо, но во тоа ги спречил претседателот на клубот Вадим Василев.

Тој призна дека играчите сакале да заминат и дека ги чувал против нивната волја.

“Јасно реков дека не можиме сите играчи да ги пуштиме за заминат. Точно е Фабињо и Лемар сакаа да заминат, а јас ги задржав во клубот против нивната волја. Ако ги пуштиме сите, ќе ја изгубиме конттролата на тимот”, изјави Васиљев.

Сепак, веќе ова лето двајцата играчи најверојатно ќе ја напуштат екипата. За Лемара има голем интерес од Англија, додека Фабињо веројатно ќе замине во ПСЖ.