Фудбал
Играчите на Тотенхем не смеат да го спомнуваат Покетино, кој се плаши од „метла“?
Според англиските медиуми првиот човек на Тотенхем, Леви наредил на фудбалерите да не го спомнуваат повеќе името на Маурисио Покетино, ниту да ја посветат победата против Вест Хем на довчерашниот тренер.
На Покетино му е дозволено да напише порака во соблекувалните, но не и да се прости од фудбалерите во клупските простории. Наводно Леви бил лут на Покетино.
Хари Кејн и неколку играчи приватно го посетиле поранешниот тренер, на кој му било жал што се разделил со клубот на таков начин.
Според информациите, дел од овие фудбалери ги чека дисциплинска мерка, односно трансфер листа.
Дури и самиот Хуго Лорис, голман кој е повреден им се доверил на пријателите дека Мурињо ќе го продаде и ќе донесе нов голман. Кој уште ќе мора да замине од Тотенхем, не е познато, но новите информации велат дека Заниоло од Рома е примарна цел на Мурињо..
…