Connect with us

Ракомет

Играчите се држеа за глава поради магичниот гол, публиката падна во целосен транс (ВИДЕО)

Не е невообичаено да се видат велемајсторски потези во мал фудбал за кои се зборува долго време, но кога ќе се случат на ваков важен натпревар, тогаш тоа е сосема друга работа.

Претходно легендарниот Рикардињо знаеше да ја запали публиката со неверојатни дриблинзи и голови, но на оваа мајсторија би позавидувал и тој.

Спортинг ја победи Бенфика со 3:2 во третиот натпревар од финалната серија на португалскиот футсал шампионат. Сега води со 2:1 во серијата која се игра по победа. Водечкиот гол на Спортинг, а еден од најубавите во историјата на овој спорт во сала, го постигна Зики Те (21) во втората минута од вториот дел.

Младиот Португалец намести долга топка, атрактивно ја турна низ нозете на противникот, а потоа го измами голманот лизгајќи со пета покрај него. Зики прослави фантастичен гол, а на видеото се гледа како еден од неговите соиграчи го фаќа за глава.

Паулета четири минути подоцна ја удвои предноста на Спортинг, но Бенфика се врати прво со автоголот на Варела, а потоа и со голот на Нуњез. Паулета го постигна вториот гол во судиското продолжение, што беше доволно за Спортинг да слави.