Connect with us

Фудбал

Икарди го „брка“ Кавани, ПСЖ ќе го плати обештетувањето на Интер

Францускиот првак е задоволен од настапите на Мауро Икарди. Аргентинецот постигна девет погодоци на десет меча во дресот на ПСЖ. Поради тоа, Французите ќе ја активираат договорената клаузула од 65 милиони евра и ќе го откупат Икарди.

Но, останувањето на Икарди, значи збогум за Единсон Кавани, бидејќи во нападот на ПСЖ тренерот Тухел ги има уште Мбапе, Нејмар и Чупо Мотинг.