Connect with us

Тајмаут

Икарди и се закани на Ванда дека ќе го раскине договорот со ПСЖ доколку таа не се врати кај него

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди е во центарот на скандалот откако неговата сопруга Ванда Нара го обвини за измама.

Пред неколку дена, Ванда објави стори на Инстаграм во кое таа директно го повика Икарди дека одлучил да го растури нивното семејство поради друга желба.

Таа го напушти Париз следниот ден и отпатува со децата во Милано, но Икарди дојде по неа. Му беше дозволено да пропушти два тренинга на ПСЖ, а францускиот клуб објасни дека тоа е поради семејни причини.

Икарди објави фотографија во прегратка на Ванда уште во неделата и се чинеше дека се е во ред. Меѓутоа, веќе следниот ден, таа објави нова фотографија и покажа дека повеќе не носи венчален прстен на раката.

Аргентинецот вчера се врати во Париз и вечерва ќе биде во конкуренција за натпреварот против Лајпциг, но јасно е дека не е баш 100% фокусиран на натпреварот.

Француската РМЦ денеска објави дека расправијата меѓу него и Ванда се уште трае, и дека дури и Икарди и се заканил на својата сопруга што ќе прави ако таа побара развод од него.

Наводно, Икарди и се заканил на Ванда дека ќе го раскине договорот со ПСЖ доколку таа не се врати кај него. Икарди има договор до летото 2023 година, според кој заработува 12 милиони евра по сезона, а доколку побара раскин на договорот, Ванда ќе има најлошо време.

Познато е дека Ванда е негов менаџер и дека договорила трансфер во ПСЖ, и дека нејзиниот потпис е на договорот. Во случај да го раскине договорот, Ванда ќе мора да плати надомест од неколку милиони евра.

Реклама

Facebook

Реклама