Connect with us

Тајмаут

Икер Касиљас повторно предизвика хаос: Како ќе ја објасни оваа објава?

Легендата на Реал Мадрид, Икер Касиљас (41) повторно предизвика големо внимание со објава на социјалните мрежи.

Откако пред неколку дена огромно внимание предизвика објава на Твитер во која напиша дека е геј, денес Икер повторно објави нешто што привлече внимание.

На крајот на Ел Класико, во кое Реал Мадрид ја победи Барселона, Касиљас уште еднаш предизвика големо внимание. Овој пат поради Феде Валведре.

„Го сакам Феде Валверде во мојот живот“, напиша Касиљас на Твитер и за тоа доби многу одговори.

Многумина веруваат дека после ова навистина е јасно дека Икер е хомосексуалец и дека повеќе нема потреба да објаснува ништо.

Да потсетиме, по објавата дека е геј, Касиљас објави дека неговиот Твитер профил е хакиран и дека нема намера никого да навреди.

И покрај тоа, тој беше изложен на големи критики од ЛГБТ популацијата, а тоа секако ќе биде случај по оваа чудна објава.

Икер Касиљас е апсолутна легенда на Реал Мадрид. Во овој тим мина младински селекции, а беше член на првиот тим од 1999 до 2015 година.

Во тој период легендарниот голман освои се што можеше и важеше за еден од најдобрите светски голмани.

За Кралевите одигра вкупно 725 натпревари.