Connect with us

Фудбал

Илчо Ѓорѓиоски заработи кривична пријава, еве за што го теретат

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, поради сомневање за даночно затајување и фалсификување и уништување на деловни книги. Пријава е поднесена и за ФФМ.

Според соопштението од финансиската полиција, делата за кои се товари поранешниот предводник на македонскиот фудбал се сторени во 2017 и во 2018 година, кога „свесно и со намера во име и на сметка на ФФМ прикажал лажни и невистините податоци во завршната сметка за 2017 кои на 27 февруари 2018 ја поднел до УЈП и Централаниот регистар“. Ѓорѓиоски според делото за кое се товари, не извршил отпис на ненаплатени долгувања постари од три години и тоа од АВ Тобако Скопје во износ од 10,6 милиони денари и од Југохром Јегуновце во износ од 6,2 милиони денари.

Со ова, поранешниот прв човек на ФФМ остварил противправна добивка за Куќата на фудбалот во износ од 1,7 милиони денари.

Ѓорѓиоски на чело на македонскиот фудбал дојде во август 2012 година, а си замина во јули 2018 година. Оттогаш, вршител на функцијата претседател е ФФМ е Мети Сејдини, кој најверојатно ќе биде и единствен кандидат на Изборното Собрание кое ќе се одржи годинава.

Извор: sport1.mk