Други спортови
Или ќе се вакцинира, или Ѓоковиќ нема да игра на Австралијан опен?!
Тенискиот крал на Мелбурн, Новак Ѓоковиќ, нема да добие дозвола за настап на првиот грен-слем турнир во 2022 година, Австралијан опен, доколку не се вакцинира.
Владата на сојузната држава Викторија во Австралија донесе закон дека сите професионални спортисти мора да се вакцинираат против вирусот, а оваа одлука може да влијае и на Новак Ѓоковиќ.
Засега тоа се однесува на локалните спортисти, но многумина шпекулираат дека тоа е најава за ригорозни мерки пред големиот тениски турнир. Доколку тоа се случи,т огаш сите тенисери кои сакаат да учествуваат на првиот гренслем-турнир следната сезона ќе мора до крајот на ноември да се вакцинираат.
Не само Ѓоковиќ, туку четворица од Топ 10 тенисерите на АТП листата, не се вакцинирани засега, и загрозено им е учеството на Отвореното првенство на Австралија во втората половина на јануари.