Кошарка
Илиевски ќе се бори за прв човек на македонската кошаркарска федерација
Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски ќе се кандидира за претседател на Македонската Кошаркарска Федерација, со која во моментот раководи Петар Наумоски, информира Фокус.
Според информациите до кои дојде ,,Фокус’’ Илиевски веќе добил поддршка од еминентни лица да се избори за новата функција и да придонесе со своето искуство и квалитет за враќањето на сјајот на македонската кошарка.
Владо Илиевски кој и ги донесе на Македонија најзначајните поени во историјата на кошарката за време на Европското Првенство во Литванија и остана запаметен по изјавата – Леле луѓе, што направивме, за ,,Фокус’’ отворено раскажува што мисли за прогнозите дека ќе го замени Наумоски, но и за тоа како гледа на моменталната состојба на овој спорт во земјава.