Илија Абутовиќ си зема Македонка: Судбоносното ДА го кажаа во Скопје (ФОТО)

Ракометарот Илија Абутовиќ вчера стапи во брак со неговата долгогодишна девојка Сања Стојчевска, сега Абутовиќ.

Како што дознава КУРИР, судбоносното ДА го изговориле во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а потоа забавата продолжила во еден скопски локал.

Инаку, пред нецел месец тројца македонски репрезентативци исто така го кажаа судбоносното „ДА“.

Откако минатата година Филип Талески и неговата поубава половина Ена направија веридба, а потоа станаа родители на Софиа, на 23 јуни направија свадбена веселба на која присуствуваа дел од ракометарите.

Непланирано во ист ден на „лудиот камен“ стапнаа и Веле Марковски и Дарко Димитриоски.