Connect with us

Фудбал

Има нов фаворит за менаџер на Манчестер Јунајтед од на лето

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, го замени Маурицио Покетино како главна цел на Манчестер Јунајтед за нов менаџер ова лето. Холанѓанецот сериозно ги воодушеви шефовите на „црвените ѓаволи“. Тој важи за еден од најдобрите и најперспективни менаџери во светскиот фудбал.

Тајмс тврди дека Тен Хаг е веќе на врвот на списокот на Олд Трафорд. До неодамна се сметаше дека главен кандидат е тренерот на Пари Сен Жермен, Покетино, но тоа веќе не е така. Тен Хаг го освои лидерството во клубот со неговата работа во Ајакс во последните сезони, освојувајќи две титули во Ередивизија и правејќи ги холандските гиганти конкурентни со другите врвни тимови во Лигата на шампионите. Неговото искуство во освојување трофеи, атрактивен фудбал и вербата во млади таленти се работите кои најмногу му се допаднаа на Манчестер Јунајтед.

Веќе е познато дека Ричард Арнолд ќе ја преземе функцијата извршен директор од 1 февруари 2022 година и ќе го замени досегашниот в.д. директор Ед Вудворд. Изданието додава дека последната задача што ќе ја заврши Вудворд е да најде нов постојан менаџер на тимот и тоа може да биде Тен Хаг.

Претходно медиумите во Англија пишуваа дека суперѕвездата Кристијано Роналдо би можел да го напушти клубот на лето доколку не го одобри назначувањето на новиот менаџер. До крајот на оваа сезона на чело на Манчестер Јунајтед е Германецот Ралф Рангник.

Реклама

Facebook

Реклама